Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Нов почеток на фудбалската репрезентација во Лигата на нации и нов сон за ЕП 2024
    Фудбал

    Нов почеток на фудбалската репрезентација во Лигата на нации и нов сон за ЕП 2024

    risteBy riste02/06/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Македонија стартува новиот циклус во Лигата на нациите, а нашите репрезентативци сакаат да направат уште еден голем успех и да се пласираат на ЕП 2024. Прв предизвик за селекцијата ќе биде Бугарија со која играме вечерва од 18:00 часот, дуел во кој Македонија влегува со голема самодоверба.

    Зад Македонија е период од нешто повеќе од 1 година во која се случија многу убави работи за репрезентацијата и фудбалот во нашата земја. Победата над Германија, настапот на ЕП 2020, обезбеденото место во баражот за СП 2022 и големата победа над Италија (0-1) се само дел од работите кои оваа генерација ги направи, а беше предводена најнапред од Игор Ангеловски, па подоцна од Благоја Милевски.

    Во овие натпревари од Лигата на нации влегуваме со мал хендикеп затоа што ќе ги немаме Аријан Адеми поради замор, Стефан Ристовски поради повреда, уште неколку играчи кои недостасуваат исто така поради повреди, па селекторот Милевски мораше да го подмлади составот.

    Има тројца дебитанти во А-тимот, Бојан Димоски од Академија Пандев, Енис Фазлагиќ од Висла Краков и Томче Гроздановски од Злате Моравце. Поради напорниот распоред и четирите меча во десет дена, се очекува сите фудбалери да добијат минутажа, но секако на некој од следните натпревари.

    Она што е важно за денешниот натпревар е што во средниот ред ќе ги имаме – новиот капитен Енис Барди (во отсуство на Ристовски) и Елиф Елмас од Наполи. Селекторот на Бугарија, Јасен Петев исто така има промена во составот, нема евидентни ѕвезди како во минатото. Повеќето играчи се од домашното првенство, доминираат имињата од Левски Софија, а како најопасен може да се издвои Кирил Десподов од бугарскиот првак Лудогорец кој сезоната ја заврши со десет гола и дури осумнаесет асистенции.

    Македонија и Бугарија досега немаат одиграно официјални средби. Ова ќе биде прв официјален натпревар ппод капата на УЕФА, досега имаме одиграно само пријателски натпевари и тоа вкупно седум. Бугарите имаат четири победи, Македонија славеше двапати, додека еден дуел заврши нерешено.

    Натпреварот вечерва се игра во Разград, а нашиот противник нема победа на последните четири средби и можеби затоа не сметаат за благи фаворити на оваа средба.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.