Најдобриот македонски кик-боксер Димитар Ѓорѓиев, кој е носител на светски и европски титули, денеска ќе ја има првата професионална борба во кариерата и тоа за титулата на ВАКО во лоу-кик дисциплина, до 81,4 килограми.
Тој вечер во Зворник (Босна и Херцеговина) ќе има борба со предизвикувачот, домашниот кик-боксер, Никола Дробњак. Мечот треба да стартува околу 22.30 часот.
Во шестата борба ќе настапи и вториот Македонец, Бобан Илиоски, во дисциплината К-1, до 83,4 килограми.

