Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милевски: „Нема опуштање, Гибралтар не е случајно во Лига Ц“
    Фудбал

    Милевски: „Нема опуштање, Гибралтар не е случајно во Лига Ц“

    risteBy riste04/06/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонските фудбалски репрезентативци по еден ден одмор и можност за прилагодување по долгиот лет од Варна до Малага и сместувањето во Гибралтар денес го одржаа и официјалниот тренинг.

    Фудбалерите имаа можност да го почувствуваат теренот на „Викторија стадиум“, каде голем дел од овој тим играше и победи со 0:2, на мечот пред четири години.

    Селекторот Благоја Милевски како и секогаш сериозно му пристапува и на овој натпревар и покрај евидентната разлика во квалитет која е во наша полза.

    „Имаме одреден број на фудбалери со проблеми, но без разлика на тоа секогаш ќе излезат најспремните во моментов. Пристапот ќе ни биде сериозен и нема место за калкулации и експерименти.  Во денешниот фудбал нема место за потценување. Со самиот податок што Гибралтар е во Лига Ц на Лигата на нации и со самото тоа покажа дека напредува. Нема ни 1% место за опуштање. Момците се свесни дека само со максимум може да се дојде до посакуван резултат. Секој натпревар е посебен, мора посебно да се подготвите. Нема два идентични натпревари, па нема ни исти подготовки.  Сите противници заслужуваат респект, па и Гибралтар кој многу напредува. Оваа Македонија без разлика против кој ривал игра, обврзани сме да играме максимално“, заклучи Милевски.

    Македонија досега четири пат играла против Гибралтар и четири пат сме излегувале како победници, да се надеваме дека традицијата ќе продолжи и утре.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.