Агентот на Пауло Дибала следната недела ќе одржи уште еден состанок со претставниците на Интер околу евентуалниот трансфер на напаѓачот во екс-шампионот, пренесува „Газета дело Спорт“.
И додека двете страни се чини дека се договорија за условите на договорот, Алексис Санчез останува проблем за клубот. Тој мора прво да го напушти Интер пред да биде ангажиран Пауло Дибала и покрај слободниот трансфер на Аргентинецот. Сето тоа се должи на немањето средства за покривање на платата на актуелниот играч на Јувентус. Нерадузите бараат нов тим за Чилеанецот кој го бараат Севиља и Галатасарај. Неговата плата е 7,5 милиони, додека Дибала ќе дојде за плата од 6 милиони.
Договорот на Дибала со Јувентус истекува на крајот на јуни и тој веќе најави дека ќе го напушти клубот.

