Македонската фудбалска репрезентација ја оствари првата победа во новиот циклус од Лигата на нации. Денеска на гостувањето на Гибралтар, избраниците на Благоја Милевски беа подобри од домаќинот совладувајќи го со 2:0.
Во првото полувреме во кое имавме голема доминација и многу добри шанси за гол, постигнавме само еден. Енис Барди во 20. минута во една соло-акција успеа да најде простор за шут пред голот на домашните и успеа да го отвори резултатот за водство на Македонија од 1:0.
Во вториот дел во кој имавме посед на топка, но немавме изразити шанси, по едн агрешка на домашната одбрана, луцидниот Бобан Николов во 84. минута искористи можност да погоди во домашниот гол и да ги постави конечните 2:0.
Следниот меч на Македонија е во четврток во Скопје против Грузија.

