Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, пикирал три имиња за да го засили средниот ред, објавија медиумите во Англија.
Станува збор за Џон Мекгин од Астон Вила, Џејмс Вард-Праус од Саутемптон и Кристијан Ериксен од Брентфорд.
Италијанецот сака да купи играчи што имаат искуство во Премиер лигата. „Спарси“ го испратиле првото барање до Астон Вила за Мекгин но, добиле негативен одговор.

