Европската куќа на фудбалот (УЕФА) на својата официјална веб-страница го објави прелиминарниот календар на Лигата на шампионите за сезоната 2022/2023.
Новата сезона на турнирот започнува на 21 јуни, финалето ќе се одржи на 10 јуни 2023 година.
Прво, ќе има прелиминарна рунда која ќе започне на 21 јуни. Натпреварите од првото и второто квалификациско коло, како и квалификацискиот плеј-оф ќе се играат од 5 јули до 24 август.
Групната фаза ќе трае од 6 септември до 2 ноември. Завршувањето на групната фаза на почетокот на ноември се должи на одржувањето на Светското првенство во Катар на крајот на годината (од 21 ноември до 18 декември). 1/8-финалето од плеј-офот се закажани за термините од 14 февруари до 15 март, четвртфиналните – 11, 12 и 18, 19 април, полуфиналните – 9, 10 и 16, 17 мај.
Финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра на 10 јуни во Истанбул на Олимпискиот стадион „Ататурк“. Истанбул требаше да биде домаќин на финалниот натпревар од Лигата на шампионите во 2020 година, но натпреварот беше одложен поради пандемијата на коронавирус.

