Фудбалерот, Герет Бејл, откако ја заврши соработката со Реал сака и понатаму да остане во Мадрид и затоа му се понудил на Гетафе.
Велшанецот бара клуб за да остане во форма по историскиот пласман на Светското првенство во Катар што е прво за неговата земја по 64 години пауза.
„Разговарав со неговиот менаџер но, треба да се видам и со тренерот околу неговите планови. Не знам дали ќе дојде но, се може да се случи“ – рече првиот човек на Гетафе, Анхел Торес.

