Раководството на Ливерпул ја одби и втората официјална понуда за Садио Мане што ја доби од Баерн (Минхен).
Според Би-Би-Си, предлогот бил вреден 30 милиони фунти. Тоа е за пет повеќе од првиот. Изворот тврди дека „црвените“ бараат 42,8 милиони фунти за напаѓачот.
Мане деновиве е во камп со репрезентацијата на Сенегал која игра во квалификациите за Африканскиот куп на нации.

