Дефанзивецот Леонардо Бонучи и напаѓачот Андреа Белоти ја напуштија италијанската репрезентација, објави „Скај Спорт Италија“.
Според истата информација, селекторот на Италија Роберто Манчини го продолжува процесот на реструктуирање и подмладување на тимот, па решил да ги пушти Белоти и Бонучи. Ден претходно, репрезентацијата на Италија одигра натпревар од 2. коло од групната фаза на Лигата на нации на УЕФА со Унгарија и победи со резултат 2:1.
Во јуни, избраниците на Манчини ќе одиграат уште два натпревари во Лигата на нации на УЕФА. Италија ќе се соочи со Англија (11 јуни) и Германија (14 јуни). Претходно, репрезентацијата на Италија не го мина баражот за СП 2022 година и откако загуби од Македонија нема да игра во завршниот дел од Мундијалот.

