Играчот од средниот ред на Белгија и Манчестер Сити, Кевин Де Бруин стана 10-ти стрелец на белгиската репрезентација.
Репрезентацијата на Белгија синоќа на домашен терен ја пречека Полска во второто коло од групата 4 од Лигата А во Лигата на нации. Средбата се одигра во Брисел, а заврши со победа на домашната селекција со резултат 6:1.
Еден од головите на тимот беше дело на Де Бруин. Овој гол за него беше 24-ти за репрезентацијата на Белгија. Оваа бројка му овозможи да стане 10-ти стрелец во својата репрезентација. Првото место му припаѓа на Ромел Лукаку од Челзи со 68 голови. Белгија има три бода и е втора во Лига А групата 4 во Лигата на нации, додека лидер е Холандија, а Полска е на третто место.

