Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Барселона има резервна опција доколку не успее да го ангажира Левандовски
    Фудбал

    Барселона има резервна опција доколку не успее да го ангажира Левандовски

    risteBy riste09/06/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Барселона има резервна опција доколку не успее да го привлече напаѓачот на Баерн Минхен Роберт Левандовски ова лето.

    Не е тајна дека Каталонците сакаат да го донесат Левандовски на „Камп Ноу“, а иста е желбата и на самиот играч. Проблемот е што првите луѓе од „Алијанц Арена“ засега категорично одбиваат да ја пуштат својата ѕвезда. Стоењето во место со преговорите почнува да ги загрижува Шпанците, кои веќе имаат и резервна опција, а тоа е напаѓачот на Виљареал Жерар Морено, тврди „Спорт“.

    Не е првпат 30-годишниот шпански репрезентативец да се поврзува со интерес од Барса. Од „Камп Ноу“ долго време го следат играчот, но сега има големи шанси да дадат конкретна понуда. Морено минатата сезона се мачеше со повреди, но сепак повторно ја покажа својата класа, постигнувајќи 9 гола на 17 натпревари и 3 асистенции.

    Морено ќе ја чини Барселона приближно исто колку што каталонците би платиле за Левандовски. Виљареал е подготвен да се раздели со него за сума од 40 милиони евра, иако играчот има договор до 2027 година, кој вклучува откупна клаузула вредна 100 милиони евра.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.