По првите два натпревари на кои Македонија гостуваше, нашата селекција на доашен терен ќе ги одигра следните два натпревари во овој јунски дел од Лигата на нации. Првиот од нив е мечот против Грузија, овој натпревар воедно ќе биде и битка за првата позиција на табелата.
Македонија одигра нерешено во Разград кај Бугарија (1:1), а потоа победи кај Гибралтар (0:2). Грузијците имаат одличен старт и со максимални две победи се лидери, најнапред го победија аутсајдерот Гибралтар (4:0), а потоа во Бугарија демонстрираа моќ и со пет гола ја надиграа Бугарија (2:5) поради што предизвикаа и смена на селекторската позиција во оваа селекција.
Селекторот Благоја Милевски имаше можност да ги изротира дел од играчите и да им даде одредена минутажа и на оние кои досега имаа помалку минути за играње. Во составот на Грузија, главна ѕвезда е младиот Квича Кваратшкелија. 21-годишниот играч од средниот ред во ова издание на Лигата на нациите има два гола и две асистенции.
Последниот дуел кој го одигравме против Грузија во Тбилиси беше историја за Македонија затоа што на таа средба со голот на Горан Пандев обезбедивме настап на ЕП. Покрај таа минимална победа на Македонија, овие две репрезентации има уште два натпревари во 2020 година во рамки на Лигата на нациите и натпреварите завршија со идентичен резултат 1:1. Посакуваме вечерва на „Тодор Проески“ арената, Македонија да биде таа која ќе се радува на победа , која ќе не искачи на врвот на табелата во нашата група.

