Луѓето од Манчестер Јунајтед може во „пет до 12“ да го ангажираат фудбалерот на Бенфика, Дарвин Нуњес, иако сите се убедени дека напаѓачот на португалскиот тим во текот на летово ќе замине во Ливерпул.
Медиумите тврдат дека агентот на играчот, Жорге Мендеш, денеска имал средба со менаџерот на „црвените ѓаволи“. Ерик тен Хаг.
Веста ја потврдува и познатиот новинар, Фабрицио Романо, кој сепак, нагласи, дека Ливерпул е во напредни преговори со Бенфика. Трансферната вредност на напаѓачот е околу 100 милиони евра.

