Фудбалските репрезентации на Англија и Италија денеска ќе играат на празниот стадион – „Вембли“ бидејќи ФА заработи казна од УЕФА по големите инциденти што се случија на финалето на Европското првенство.
Фудбалската асоцијација на Англија исто така беше казнета со 100.000 евра . Сепак, на стадионот се очекува да има околу 3.000 деца со специјална дозвола на УЕФА.
Ќе потсетиме дека англиските фанови на споменатото финале на континеталниот собир имаa серија физички пресметки со полицијата.

