По поразот на првиот домашен натпревар од оваа сезона во Лигата на нации од селекцијата на Грузија, нашата фудбалска репрезентација вечерва го игра и вториот домашен натпревар во овој јунски дел од Лигата на нации, противник во Скопје ќе ни биде Гибралтар.
Пред неколку дена Македонија на гостувањето кај Гибралтар успеа да победи со 2:0 со головите на Барди и Николов, а вечерва треба да ја потврди фаворитската улога и да оствари уште една победа која ќе биде еден вид лечење на раните по поразот од Грузија на домашен терен. На последниот натпревар кој го игравме во Скопје против оваа репрезентација, славевме со убедливи 4:0, а посакуваме така да биде и денес, со што нашите репрезентативци ќе се вратат на победита во својата група од Лигата на нации.

Досега, овие две репрезентации имаат играно еден против друг трипати, а гол-разликата од сите натпревари е 8-0 за Македонија, а за нас е добро што досега немам примено гол од оваа репрезентација. Гибралтар е во лоша серија на гости – десет натпревари по ред нема победа, а има примено вкупно 38 гола. Македонија посакува продолжување на шансите за висок пласман во Лигата на нации, а тоа може да го направи само со победа на оваа средба и да чека кикс на Грузија.
Натпреварот се игра денес од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“.

