Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес, утре треба да пристигне во Англија за да ги направи задолжителните медицински тестови пред да потпише со Ливерпул, објавија тамошните медиуми.
Уругваецот за кој на Бенфика и беа платени 100 милиони евра ќе потпише договор за 6 години. Според – „Liverpool Echo, „црвените“ ќе платат фиксна сума од 75 милиони евра плус 15-ет во форма на бонуси.
Сумата може да се зголеми за уште 10 милиони доколку Ливерпул има успешна сезона со освоени трофеи.

