Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров ја добија за противник ЦСКА Софија во второто квалификациско коло од Конференциската лига.
„Лавовите“ кои како освојувачи на Националниот Куп, беа ослободени од обврските на стартот на елиминации денеска го добија противникот за второто коло. ]
Првиот меч се игра во соседството на 21 јули а реваншот е седум денови подоцна во Македонија.

