Премиер лигата денеска го објави распоредот на натпревари за новата сезона 2022/23. Како што и беше планирано, истата ќе започне на 5 август.
Првиот натпревар ќе биде лондонска пресметка меѓу Кристал Палас и Арсенал и ќе се игра во петочен вечерен термин, додека викендот ќе бидат одиграни преостанатите дуели.
Шампионот Манчестер Сити одбраната на титулата ја почнува на 7 август на гости кај Вест Хем, во ист ден кога Ерик тен Хаг ќе дебитира на клупата на Манчестер Јунајтед на домашен терен и тоа против Брајтон, а оваа средба е закажана за недела, 7 август.
Евертон-Челси ќе биде уште еден натпревар кој ќе привлече внимание, додека Тотенхем отвора на домашен терен против Саутемптон.