Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, не знае дали ќе има нови фудбалери пред почетокот на летните подготовки на 4 јули, објавија денеска дел од медиумите во Италија.
Неговиот тим во текот на летово ќе го напуштат: Џорџо Киелини, Пауло Дибала, Федерико Бернардески и Алваро Мората. Неизвесна е судбината на Матијас де Лихт за кого се заинтересирани неколку европски гиганти.
Затоа, Алегри побара од управата да го забрза процесот на купување на крило, централен играч за врска и бек.
