Фудбалерот, Ноа Ланг, кој сака да го напушти белгискиот состав Бриж, изјави, дека немал никакви контакти со луѓето од Милан и дека е изненаден од таквите наводи во медиумите.
„Во моментов немам договор со Милан или друг клуб. Немам поим од каде доаѓаат сите тие вести“ – потенцираше фудбалерот од Холандија.
Одличниот играч кој неодамна доби повик во репрезентацијата на „лалињата“ е траснферна цел на повеќе европски клубови.