Лондонски Тотенхем има намера да го купи напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез, но играчот сака да остане во миланскиот клуб по секоја цена, објави на Твитер италијанскиот новинар Алфредо Педула.
Во објава на својата веб-страница, Педула додава дека Интер планира да ги затвори договорите за Ромелу Лукаку и Пауло Дибала. Во исто време, тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, сака да го види Лаутаро Мартинез, кој го познава од нивната заедничка соработка во Интер.
Лондончани се подготвени да понудат околу 90 милиони евра за аргентинскиот напаѓач, но Интер не брза да се раздели со него. Самиот играч неодамна отвори ресторан во Милано и сака да остане по секоја цена.
Мартинез е во Интер од летото 2018 година. За четири сезони во дресот на Интер одигра 180 натпревари и постигна 74 гола.