Јувентус подготви втора подобрена понуда за Анхел ди Марија во обид да го привлече аргентинскиот крилен напаѓач во Торино. Играчот ја одбил првата понуда од „бјанконерите“, која била за едногодишен договор.
За фудбалерот е заинтересирана и Барселона.
34-годишниот Аргентинец веќе го напушти Пари Сен Жермен, бидејќи неговиот договор истекува на крајот на месецот. Доколку потпише со Барселона, тој ќе биде еден од ретките играчи кои играле за двата шпански гиганти. Ди Марија помина пет години во Реал Мадрид, а потоа помина една сезона во Манчестер Јунајтед пред да замине во ПСЖ, каде постигна 92 гола на 295 натпревари.
