Англискиот фудбалски состав Челзи објави дека Брус Бак по 19 години ќе ја напушти претседателската позиција.
Американецот сепак ќе остане во клубот во улога на советник. Челзи минатиот месец беше купен од конзорциум предводен од сопственикот на бејзбол тимот од Лос Анџелес, Тод Боли.
Во исто време клубот го напушти и Марина Грановскаја која ја имаше улогата на извршен директор. Таа беше централна фигура во креирањето на политиката кај „сините“.

