Уште еден фудбалер од годинешниот состав на Јирген Клоп го напушти „Енфилд“.
Јапонскиот играч од средниот ред Минамино се сели во Монако, кој за него ќе плати 18 милиони евра, вклучително и бонуси.
Клубовите го договорија трансферот на 27-годишниот фудбалер, а Ливерпул гарантирано ќе добие 15 милиони евра, додека дополнителни 3 милиони се предвидени како бонуси.
Минамино дојде во Ливерпул во јануари 2020 година и за „црвените“ одигра вкупно 55 натпревари и постигна 14 гола.

