По три години во Серија А, Жереми Тољан е пред враќање во Бундеслигата. Како што пишуваат германските медиуми, Волфсбург прави интензивни напори да го добие 27-годишниот десен бек и според „Билд“преговорите за трансфер со Сасуоло одат во одлична насока.
Сасуоло бара околу пет милиони евра за Тољан, кој се уште е договорно обврзан до 2025 година. Волфсбург сака да ја намали сумата, која би паднала на прифатливи 3 -3,5 милиони евра. Тољан игра во Сасуоло од 2019 година и досега има одиграно 76 натпревари.