Интер ќе почека со евентуалниот трансфер на фудбалерот, Паоло Дибала, бидејќи Ромелу Лукаку се враќа во Милано.
Претставниците на италијанскиот тим набрзо ќе имаат нова средба со агентот на Аргентинецот и ќе му понудат помала плата, бонуси и провизии.
Паралелно се појави и веста дека Милан ја следи целата ситуација и дека може да направи обид да го ангажира Дибала кој во текот на летово го заврши договорот со Јувентус.

