Баерн на својата официјална веб-страница го објави потписот со напаѓачот Садио Мане од Ливерпул. Договорот на 30-годишниот напаѓач со германскиот клуб е до 30 јуни 2025 година.
„Мане е светска ѕвезда. Неговиот потег ја нагласува привлечноста на Баерн и го подигнува реномето на целата Бундес лига. Навивачите доаѓаат на стадионите да видат вакви уникатни играчи. Одлично е што нашиот борд на директори, предводен од Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ, успеа да ангажира играч како Садио Мане“, изјави претседателот на Баерн, Херберт Хајнер.

Да потсетиме, Садио Мане играше за австриски Салцбург и Саутемптон, од кои во 2016 година се пресели во Ливерпул. За Ливерпул, Садио Мане на 269 средби постигна 120 гола и 48 асистенции.

