Кристоф Галтие ќе потпише договор со Пари Сен Жермен на 2+1 година, пренесува „Л‘Екип“.
55-годишниот стручњак во француската престолнина доаѓа од Ница, а парижаните ќе мора да му платат отштета на неговиот поранешен клуб за предвремениот раскин на договорот.
Според информациите на француските медиуми, Галтие, кој минатата сезона го предводеше Лил до титулата, ќе зема помала плата од актуелниот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино. Аргентинецот од своја страна се уште не се договорил со парижаните за висината на отштетата што треба да ја добие за предвременото раскинување на договорот.

