Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миоски и официјално е нов фудбалер на Абердин. Тој денеска е претставен како ново засилување на шкотскиот гигант.
22-годишникот заминува од МТК Будимпешта и се сели во редовите на Абердин, каде ќе остане во наредните четири години.
Нашиот голгетер е петтото летно засилување за шкотскиот прволигаш. Во изминатата сезона тој постигна девет гола на 22 настапи за унгарската екипа.

