Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, се осврна на титулата во Лигата на шампионите освоена по големото финале со Ливерпул.
„Тоа што освоивме пет титули во последните девет сезони најдобро говори за нас. Можам да кажам дека имаме еден од најдобрите тимови во светот“ – вели дефанзивецот.
„Имаме магија и мотив да направиме неверојатни работи. Од ништо не се плашиме“ – нагласи играчот на актуелниот европски клупски шампион.

