Фудбалерот, Анхел ди Марија, кој летово го напушти тимот на ПСЖ чека понуда од Барселона.
Брзоногиот играч во меѓу време одби две понуди од Јувентус бидејќи се надева дека кариерата ќе ја продолжи во Шпанија.
Доколку тоа се случи, Аргентинецот ќе биде еден од ретките фудбалери кои ги носеле дресовите на големите ривали Барса и Реал Мадрид.

