Тотенхем е заинтересиран за дефанзивецот на Барселона, Клемент Ленгле, пренесува Мундо Депортиво. Дефанзивецот има договор за уште една сезона, но е во плановите на Чави.
Шпанското издание додава дека газдите на шпанскиот гигант се задоволни од можноста не само да се разделат со Французинот, туку и да го испратат во тим кој е подготвен да му ја исплати целата плата. На овој начин ќе можат да си ги ублажат сериозните трошоци за плата.
Тотенхем веќе ги доведе Ив Бисума, Иван Перишиќ и Фрејзер Фостер, но Антонио Конте сака дополнително да го засили својот тим за претстојното враќање во Лигата на шампионите.

