Најдобриот фудбалер на Велс, Герет Бејл, откако го напушти Реал Мадрид нема да остане на европскиот континент.
Последните информации велат дека брзоногиот играч ќе замине преку „големата бара“ во шампионатот на САД. Негов нов клуб ќе биде Лос Анџелес .
-Веста е потврдена, Бејл го напушта европскиот фудбал“, напиша новинарот Романо на социјалните мрежи.
