Напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле најверојатно нема да се пресели во Челзи во летниот преоден рок, пишува шпанскиот „Спорт“.
Според изворот, претставници на францускиот фудбалер биле во преговори со Челзи, но Дембеле не бил задоволен од понудата на англискиот клуб за неговата плата. Се истакнува дека напаѓачот може да остане во Барселона, но се уште нема договор меѓу двете страни за продолжување на договорот.
Да потсетиме дека Дембеле игра за Барселона од 2017 година. 25-годишниот француски фудбалер минатата сезона одигра 21 натпревар во Ла Лига за каталонскиот клуб, постигнувајќи еден гол и 13 асистенции. Од 2016 година Дембеле е дел од француската репрезентација.

