Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар , може да ја продолжи кариерата во италијанската Серија А. Јувентус од Торино веќе влезе во преговори со претставници на 30-годишниот Бразилец, информира „АС“.
Според изворот, иднината на Нејмар во Париз сега е голем знак прашалник. Јувентус би сакал да го ангажира Бразилецот, но раководството на екипата е незадоволно од високите барања за плата на фудбалерот.
Претходно беше објавено дека ПСЖ во летниот преоден рок планира да го растовари платниот список и е подготвен да се ослободи од неколку играчи. Нејмар со плата од околу 50 милиони евра за една сезона е еден од кандидатите за заминување. Да потсетиме дека 30-годишниот Нејмар игра за ПСЖ од 2017 година, каде дојде од Барселона за 222 милиони евра.
Овој трансфер продолжува да биде рекорден по сумата потрошена во светскиот фудбал. Неговиот договор со Парижаните е до 2025 година.

