Фудбалерот, Анхел Ди Марија, ќе го облече дресот на Јувентус, потврдија денеска неговите агенти задолжени за трансфери.
Аргентинскиот интернационалец кој неодамна го одработи договорот со ПСЖ, подолг период чекаше понуда од Италија и на крајот тоа и се случи.
Според непотврдени извори, неговата плата во Торино ќе биде околу 8 милиони евра годишно.