Фудбалерот, Габриел Жесус, кој деновиве го напушти шампионот на Англија, Манчестер Сити, денеска треба да потпише со екипата на Арсенал.
Медиумите објавија дека брзоногиот напаѓач ќе ги помине задолжителните медицински прегледи и веднаш ќе ја парафира соработката со лондонскиот тим која треба да трае во наредните пет години.
„Граѓаните“ за трансферот на Бразилецот ќе добијат 45 милиони фунти.

