Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, очекува бонус од 2 милиони евра за него и неговиот стручен штаб, покрај обештетувањето од 15 милиони евра за отказот од клубот, пишува „L’Équipe“.
Според информациите кои беа објавени, аргентинскиот тренер бил информиран за отказот од парискиот клуб на 10 јуни. Сепак, клубот и тренерот веќе 18 дена преговараат за исплата на различни обештетувања на аргентинскиот стручњак за раскин на договорот.
Од ПСЖ се подготвени да му ја исплатат речиси целата плата на Покетино за преостанатата година од договорот, како и платата на четворица негови помошници.
Сепак, клубот се противи на вклучување на бонуси кои би биле добиени доколку Покетино и неговиот тим останеле во францускиот тим. Висината на бонусите е околу 2 милиони евра. Поради ова, официјалното соопштение за разделба со аргентинскиот тренер е одложено.

