Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус успешно ги завршил медицинските прегледи пред трансферот во лондонски Арсенал. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер.
Габриел Жесус треба да биде четвртото засилување за „топџиите“ ова лето по пристигнувањето на крилниот напаѓач на Сао Паоло, Маркињос, играчот од средниот ред на Порто, Фабио Виеира и голманот на Њу Ингланд Револушн, Мет Тарнер. Договорот на Габриел Жесус со Манчестер Сити истекува во летото 2023 година.
Актуелниот шампион на Англија следната година би можел бесплатно да го загуби 25-годишниот напаѓач. Бразилскиот напаѓач претходно работеше со главниот тренер на „топџиите“ Микел Артета кога шпанскиот стручњак работеше како асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

