Бразилскиот напаѓач на Евертон, Ричарлисон е блиску до трансфер во Тотенхем, објави „Скај Спортс“.
Лондонски Тотенхем очекува да склучи договор во следните 24 часа, а извори блиски до преговорите информираат дека веќе е постигнат начелен договор меѓу клубовите. За возврат, Евертон е под притисок поради фактот што на полноќ во петок, 1 јули, клубот ја завршува финансиската година.
Продажбата на Ричарлисон ќе им помогне да се усогласат со правилата за профитабилност и одржливост. Познатиот инсајдер Фабрицио Романо на Твитер додава дека претставниците на Ричарлисон и Тотенхем веќе ги договориле условите од личниот договор на фудбалерот, а сега двете страни ги чекаат формалностите за комплетирање на зделката со Евертон.

