Италијанските медиуми денеска објавија, дека фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, во текот на наредната работна недела ќе ги реализира медицинските тестови во Фиорентина.
Српскиот напаѓач треба да игра како позајмен во Фиренца откако двата клуба постигнаа договор во кој нема опција за откуп на неговиот потпис.
Шпанците и Италијанците по половина ќе ја покриваат платата на 24-годишниот фудбалер.

