Паоло Малдини и Рики Масара кои се наоѓаат на раководните позиции во Милан имаат време до полноќ да одлучат дали ќе ги прифатат новите договори.
Според Газета дело Спорт, не се во прашање парите туку желбата на двајцата да имаат поголема улога во креирањето на клупската политика која опфаќа трансфери и буџет за засилувања.
Ќе потсетиме дека Милан по подолг период конечно успеа да го освои Скудетото во Серија „А“.

