Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ФК Вардар доби нов претседател за фудбалски развој
    Фудбал

    ФК Вардар доби нов претседател за фудбалски развој

    risteBy riste02/07/2022No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалскиот клуб Вардар објави дека Мухамед Туркмен е избран за нов претседател за фудбалски развој во ФК Вардар на кој што му се доверуваат идните стратегиски планови додека останатата структура во клубот останува непроменета.

    Мухамед Туркмен е роден во 1986 година во Орду и студиите ги завршува на Факултетот за спортски науки на Универзитетот Мармара со значителен успех. Во својата кариера има настапувано за Фенербахче и Анкарачугу и уште неколку тимови во Турција како и за сите младински категории на Турција. По завршувањето на активната кариера започнува како помошник тренер на Јилмаз Вурал, а подоцна како аналитичар и скаут со УЕФА А лиценца со која што се стекнува со големо искуство во развојот на фудбалот.

    Како што најавивме клубот има план да ги оствари зацртаните идни цели за кои што мора да има финансиски стабилна конструкција и стратегија за одржлив развој на нашиот клуб. Поради оваа причина, новиот претседател најавува дека сите финансиски планови и зацртани цели за стабилност на клубот кои се подготвени и предвидени ќе стапат на сила со новиот стил на управување на клубот кој што го најавивме во изминатиот период.

    Плановите за наредната сезона се враќање во првата лига и борба за трофејот во Купот на Македонија додека на среден рок плановите се освојување на титулата и излез на европската сцена.

    На долг рок работата со младинските категории и произведување на врвни таленти се најголемиот приоритет, како еден од предусловите за одржлив раст и светла иднина на нашиот клуб.

    Изјава на Слободан Крстевски, сопственик на ФК Вардар

    Како што најавивме претходно, во пресрет на наредната сезона направивме организациско преструктурирање во работењето на клубот по примерот на европските клубови со доведувањето на професионалец како Мухамед Туркмен во нашиот клуб. Сопственичката структура останува непроменета и јас како што ветив останувам како сопственик на клубот во наредната успешна ера која што ја најавивме за ФК Вардар.

    Во наредниот период ќе имаме пресконференција на која што ќе го претставиме новиот претседател и новиот управен одбор како и спонзорите кои што ќе помогнат да го вратиме Вардар на местото каде што припаѓа, а тоа е секогаш на врвот.

    Грешките од минатата сезона сакаме да ги поправиме и да најавиме дека со новите промени во Вардар, со ангажирање на вистинските луѓе Вардар ќе го направиме во европски стил кој што ќе биде финансиски стабилен и успешен како и до сега.

    Ќе се врати Вардар посилен како никогаш, бидејќи Вардар е душата на Македонија, бил и секогаш ќе остане.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.