Македонскиот фудбалски шампион Шкупи го совлада првакот на Гибралтар, Линколн со 3:0 (2:0) и дојде до одлична предност пред реваншот.
На средбата со новинарите по натпреварот, тренерот на Шкупи Гоце Седлоски беше задоволен, но сепак претпазлив.
„Знаев дека против себе имаме добар тим кој минатата сезона играше во групната фаза на Конференциска лига, но јас тоа што го барав од моите фудбалери го исполнија. Честитки за сите мои фудбалери. Сепак, ништо не е готово. Ќе се спремаме за реваншот, иако со овој резултат со една нога сме во следната фаза. Треба максимално да се подготвиме и за реваншот. Ако се браниме 95 минути на ништо не сме направиле. Ќе тренираме на вештачка трева оваа недела, имам информации дека теренот е незгоден, голема е влагата таму“, рече Седлоски.
Доколку на реваншот одиграат како што тоа го направија синоќа, фудбалерите на Шкупи ќе се изборат за најмалку уште четири европски натпревари и ќе си обезбедат солидни финансиски средства за новата сезона.