Калин Ивановски успеа да се пласира во четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон. Тој денеска во 1/8 финалето во тешка битка и три сета успеа да се избори за својот најголем успех на гренд-слем турнирите.
Ивановски влезе меѓу најдобрите 8 во својата конкуренција откако славеше над Едас Бутвилас од Литванија со 6:4, 5:7 и 6:0.
Во следната рунда Ивановски ќе се судри со Роденас од Шпанија, кој денеска во осминафиналето со 2:0 беше подобар од Словенецот Артнак.