Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милан ќе го задржи Оливие Жиру, но бара и нов напаѓач
    Фудбал

    Милан ќе го задржи Оливие Жиру, но бара и нов напаѓач

    risteBy riste07/07/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Раководството на Милан започна преговори со Оливие Жиру за нов договор. 35-годишниот напаѓач пристигна од Челзи за скромна сума од 1 милион евра, но одлично се вклопи во тимот на Стефано Пиоли и даде придонес за титулата со 11 голови. Двете страни се задоволни од нивната соработка и сакаат таа да продолжи.

    Се очекува францускиот репрезентативец повторно да потпише до 2025 година. Неговиот актуелен договор истекува следното лето, но газдите на „росонерите“ се подготвени со понуда за продолжување на истиот.

    Сепак, Милан сака да добие уште еден напаѓач во лицето на Шарл Де Кетелар. Голгетерот на Клуб Бриж е трансфер цел и на Лидс. Англискиот клуб упати поповолна понуда од онаа на Милан, но планираат во евентуална зделка да вклучат двајца свои играчи – младите Андреас Јунгдал и Емил Робак.

    Де Кетелар минатата сезона постигна 21 гол и 10 асистенции. 21-годишниот белгиски репрезентативец сигурно нема да остане во Клуб Бриж, но во оваа фаза е тешко да се предвиди кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.