Од денеска до недела на одбојкарското игралиште зад хотелот „Дабл Три Хилтон“ во Скопје ќе се одржи силен меѓународен одбојкарски турнир во женска конкуренција.
Турнирот е во организација на ЖОК Вардар, а под покровителство на општина Аеродром.
Натпреварите почнуваат денеска попладне со првите натпревари во фазата по групи, додека, финалните дуели следуваат в недела попладне по 16 часот. Мечот за 3. место и големото финале се планирани за в недела по 18.30 часот.
На дебитантскиот настап ќе учествуваат осум екипи, и тоа најдобрите од македонската одбојкарска сцена и гости од Србија и Црна Гора. Наградниот фонд на турнирот изнесува 1.600 евра, од кои за победникот се загарантирани 800 евра, второпласираните ќе добијат 500 евра, а за третото место наградата е 300 евра.

