Напаѓачот на Баерн (М), Роберт Левандовски би можел на крајот да заврши во Челзи.
Според англиски извори, фудбалерот ја разгледува опцијата за преселба во лондонскиот клуб како алтернатива во случај на неуспех во преговорите меѓу Баерн и Барселона околу неговиот трансфер.
Во моментов, Полјакот е решен да потпише договор со Барселона, но ситуацијата е комплицирана поради финансиската нестабилност на каталонскиот клуб. Исто така, Челзи веќе изразил интерес за играчот и е подготвен да се впушти во битка за неговиот потпис.

