Откако вчера го освои Вимблдон, Новак Ѓоковиќ не знае кој ќе биде негов следен турнир и настап. Некои српски медиуми шпекулираат дека тој би можел да ги пропушти сите преостанати турнири до крајот на годината, доколку не му дозволат да игра на УС Опен.
„Да бидам искрен, се сомневам дека ќе бркам бодови“, рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата по Вимблдон. Сè уште не сум разговарал за распоредот со Горан Иванишевиќ. Останува да чекаме вести од Америка, дали ќе се случи или не, се зависи од тоа. Може да се случи да играм само на Лејвер купот и Дејвис купот бидејќи сакам да играм за мојата земја и ќе се обидам да бидам дел од нив. Тоа се големите турнири на кои мислам сега“, изјавил српскиот тенисер.

